„Време на спиење“ е назив со кој се означува период кога се создавала земјата – многу време пред сметањето на човечката историја. Абориџините создавајќи го она што денеес е познато како Австралија, почнале да ја воспоставуваат својата независност и индивидуалност. Десетици илјади години, Абориџините живееле во растурени племиња ширум Австралија чувајќи ги легендите само за сопствени локални интереси. На многу теми за настанокот на светот постојат голем број слични абориџински легенди кои ги објаснуваат нештата како што се „Како Сонцето се нашло на небото“.
Во продолжение следува абориџинската легенда од областа на централна Викторија.
На почетокот на „времето на спиење“ Сонцето не сјаело. Во тоа време живеела една жена, која одлучила да го напушти своето племе бидејќи ѝ било забрането да се омажи за човекот кој го избрала. Не сакала да слуша никакво објаснување од своите соплеменици. Долго одела, а потоа одлучила да се сокрие во една сува и карпеста област. Таму имало многу малку храна и немало удобно место за спиење.
Покрај гладот и жедтта, не сакала да се откаже и да се врати кај племето. Тогаш, здогледувајќи го човекот од нејзиното племе кој ѝ се приближувал за да ја врати на сила, побегнала уште подлабоко во забиениот дел од просторот околу неа.
Исцрпена до смрт, со искината облека и цела со модрици од камењата, сѐ уште имала сила да се движи. Тогаш духот од нејзините предци внимателно и нежно ја подигнал на сигурно и тивко место на небото. Долго спиела, цврсто и длабоко. Кога се разбудила видела храна и вода во изобилство. Запалила оган и иако била сама, не се чувствувала исплашено туку благодарно бидејќи ѝ било топло и чувствувала сигурност.
Меѓутоа, сѐ уште била одлучна дека повеќе сака засекогаш да живее сама отколку да му се врати на племето. Додека одозгора го гледала своето племе, видела дека повеќето мажи и жени биле тажни бидејќи заминала и повеќе не им замерувала. Нејзиното срце омекнало во наредните денови и почнала да чувствува носталгија. Била дел од небото и повеќе не можела да се врати.
„Што да направам“? – се прашала. „Не можам да се вратам, а би сакала да им помогнам“. А тогаш сфатила како би можела да им помогне. На нејзиниот народ му било ладно, бил зафатен со секојдневни обврски и немал време да седи покрај огон и да се грее како што можела таа. „Ќе создадам свој оган. Ќе го направам толку голем со кој ќе можат да се греат луѓето на земјата кои толку многу работат“.
Цел ден го греела својот народ, а кога дошла ноќ го изгаснала огнот бидеќи тогаш тие можеле сами да запалат и да седат покрај него. Гледајќи дека тоа на нејзиниот народ му донесло и задоволство, но му било и од помош, таа одлучила да го пали својот оган секој ден. Набргу луѓето почнале секој ден да гледаат небесен оган. Благодарни за топлината која ја чувствувале тој оган го нарекле „Сонце“.
Прогонета од својот народ засекогаш, годините за оваа млада жена биле предолги. Но била среќа и радосна дека можела над нив да ја сјае својата топлина секој ден.
Можеби ќе ве интересира и легендатата за Св. Ѓоргија.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.