Како стариот рибар изгубил три четвртини од животот, а професорот би можел да го изгуби цел?

Следнава приказна зборува за еден професор кој изнајмил еден стар шкотланѓанец (стар рибар) да го пренсе преку езерото. Додека минувале по езерото професорот го запрашал рибарот дали некогаш изучувал наука. Тој признал дека не изучувал.

„Навистина, рекол професорот тажно кимнувајќи со главата. Сте изгубиле четвртина од својот живот“.

„Дали сте ја проучувале книжевноста, сте читале класици?“, прашал професорот.

„Не“.

„Сте изгубиле уште една четвртина од животот.“

„А што е со музиката? – продолжил професорот. „Дали сте ги слушале познатите големи дела од овој свет?“

„Не“.

„Сфаќате ли?“, рекол професорот. „Сега имате изгубено три четвртини од својот живот, знаете?“

Единствените звуци кои можеле да се слушнат биле чкрипење и пукање на чамецот додека стариот рибар изедначен веслал.Токму тогаш слаб верец почнал да ја ниша површината на водата. Подигнувајќи го погледот старецот го забележал темниот облак како брзо се приближува. Од искуство знаел дека езерото може да биде опасно кога ќе наиде олуја.

Се навалил кон веслата. Ветрот станувал сѐ појак. Брановите почнале да го заплискуваат горниот раб на чамецот. Обидувајќи се да ја скрие вознемиреноста во гласот, го прашал професорот: „Дали Вие сте научиле да пливате?“

„Не, не сум научил. Зошто прашувате?“, прашал професорот.

„Бидејќи, бидејќи јас по ваше мислење сум изгубил три четврити живот, вие можеби ќе го изгубите цел“, одговорил шкотланѓанецот одмавнувајќи со главата.

Многумина мислеле дека добиваат сѐ што светот имал да им понуди. Во суштина, го изгубиле сѐ она што вечноста можела да им даде. Разумот сам по себе не е штетен, но тој не може да го објасни сѐ она за коешто можеме да имаме магливи претпоставки.

Прочитајте ја и следнава – приказна за вистинската големина!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?