После секој дожд се појавува во првиот час.
Надвор од потопената земја го бара својот спас.
Кога ќе го изгуби домот се крие на некое место.
Лесно може да се пронајде по трагите кои ги остава зад себе често.
Во солена, слатка вода и на копно
може да се сретне на овој свет.
Ползи бавно, може да се види и од лет.
Во градината се шета покрај мојот цвет.
Полжавот со испуштање лига се движи без мака.
За храна бара лисја од брза рака.
Со испуштање јајца го продолжува својот род.
Не се грижи за својот подмладок-својот плод.
Полжавите никнуваат во тревникот како печурки во рој.
Кога ќе почувствуваат опасност ги снемува голем број.
Придонесоа мојата градина да стане рај.
На убавините во градината им нема крај.
На карпи, цименто, сталко и ѕидови ги гледам често.
На земјата го бараат своето место.
Препознатливи по своето меко тело.
Оставаат траги во градината за своето дело.
Дијана Келтаневска