Знаеш ли кој сум ја – Мимоза Лазова

На е-маил ни пристигна уште една убава вест поврзана со поезија. Мима Лазова ни испрати стихови, а ние ги споделуваме со вас.

Прочитајте ја песната „Знаеш ли кој сум јас“ извадок од нејзина прва збирка поезија „Мојот остварен сон“.

Знаеш ли кој сум ја

Поглед од висина горд

Велиш, знаеш ли кој сум јас

Ах, кој ли си ти. Ти велам

Ти си само творевина

Од родители богати со пари

Пари бесрамно украдени

Од Оние мачни души

Намачени работнички

Од утро па до мрак

Оние слични, исти

Опеани горки судбини

Од песните на Рацин

Денови за тажни

Аргатски маки големи

И пак прашај.Кој сум ЈАС ?

Кој ли си ти… И што имаш

Освен луксуз, знаеш ли?

Его од тебе поголемо

Срце во камен изрезбано

Душа од љубов испустена

Пустина од златна срма

На гради клето извезена

Кревет од златен оков

Кочија со сатенски покров

Возила бесни, дебели сметки

Куќи, вили и алтани триста

Твојата приказна не е иста

Храна е за душата нечиста

А знаеш ли душа што е?

Она што сал за добрина е

Она што среќа за сите точи

Сладок немир во гради

Поделена среќа,солза во очи

А знаеш ли срце што е?

Она што од љубов силно бие

Од среќа потскокнува смело

На секое добро направено дело

Твоето срце од темен камен

Стопи го во од мудрост пламен

Продај го твоето горко его,

Замени го за трошка ум

И запрашај се повторно…

Зарем ова јас сум!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?