„Слушај поезија (и други приказни)“, канал на YouTube за сите љубители на поезијата и убавиот збор

Кога започнала со блогирање тогаш спонтано се родила и идејата да снима аудио снимки од поетски рецитации. Првата снимена рецитација била во 2016-та година кога на друга платформа Наталија ги објавувала рецитациите во вид аудио снимки. На следниов линк сè уште можат да се преслушаат снимките од кои една има достигнато и над 13 илјади преслушувања. Понатаму, дел се префрлени како аудио-видео снимки на јутјуб, всушност така и дошла идејата за тој канал.

Откако ги конвертирала претходните снимки во видеа за потребите на јутјуб каналот, таму продолжила да ги објавува рецитациите. Така целосно се префрлила на „јутјуб“ (YouTube) каде на почеток редовно објавувала видеа со рецитации. После тоа има направено пауза, а потоа повремено се објавувани видеа со рецитации од стихови на македонски, српски и странски поети. Меѓудругото Наталија читала и сопствена поезија, која исто така може да се најде на јутјуб каналот. Таму можат да се најдат и видеа посветени на литературата, на пример видео во вид на честитка по повод Меѓународниот ден на книгата во која учествува дел од тимот на Крајбрежје.

Следниве три видеа имаат најмногу прегледи и реакции на нејзиниот канал „Слушај поезија (и други приказни)“:

Најтажната песна на светот

Taa

Кога ја љубев Дениција


Сите љубители на поезијата и стиховите ги повикуваме да направат Subscribe на нејзиниот канал во знак на поддршка, кликнете на ѕвончето за да ви стигнуваат известувања за наредните видеа.

Наталија вели дека има чудна приказна која се однесува околу видеата, а е поврзана лично со нејзе. Можеби еден ден ќе ни ја раскаже. Секој ваш коментар значи неизмерно, затоа не ги штедете зборовите. Пишете ни во коментар кои стихови би сакале да ги чуете?

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?