Десанка Максимовиќ, поетесата која била инспирација на многумина, поради која читателите можеби и ја засакале поезијта е родена на дешен ден. Несомнено е дека дури и после толку години од нејзината смрт нејзините стихови се читаат и се инспиративни. Тие допираат до читателот и се актуелни речиси како во период кога биле напишани.
Во следново видео можете да го погледнете кусото интервју со Десанка Максимовиќ кое е направено додека таа била на рехабилитација во болница. Нејзиниот ведар дух во никој случај не открива дека во себе таа ја носи тагата. Кога новинарката ќе ѝ каже дека таа е полна со оптимизам Десанка со насмевка на лице гордо изјавува: „Тоа е само маска. Јас сум многу спротивен човек од тоа. Јас само го сакам животот, сонцето, природните стихии, но во себе сум многу свртена кон другата страна од светот. Мислам дека мора на светот да му оставам дека сум тажна“.
Погледнете го видеото и слушнете ги останатите нејзини пораки што ги испраќа во ова кратко интервју.
Можеби ќе сакате и да ја чуете рецитацијата: „Среќа“ – Десанка Максимовиќ.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.