Милион години одалечена од сега
барајќи го патот до среќа и времето изгубено,
што го немам,
пред тебе и пред себе знам сум,
чиста и мирна,
веќе не сонувам
само сама будна пловам низ невреме и немирни води.
Правиот пат го пронајдов ги слушнав сите
тешки зборови и тишини во мракот,
сите болки и солзи кои ме испратија на прагот
Кога е најтешко знај тогаш мораш да останеш на тлото макар и сам.
Никој не можеше да ги слушне моите тишини
ниту да ги разберат моите стихови,
ниту да ги видат моите сенки по ѕидовите во доцните часови,
мене ме чуваат четири очи како ангели: Фала им.
Ме следеа демони до доцни часови
никој не знаеше,
низ колку насмевки капеа дождови,
борбата со себе сѐ уште ја водам.
Но на крајот од пловидбата го гледам правиот пат
светлината и среќата што ме чека,
и да потоне Титаник како и сите мои титани,
ќе продолжам да пливам
остануваат стихови да кажат
читај меѓу редови
оваа љубов е посилна од смрт.
Јована Анастасијевска