Skip to content

Избор песни: Чај од небо – Јосип Коцев

Те познавам во невреме
ти, гордост негибната од срамот
ти, што бестрашно им приоѓаш
на сите мои разбрани ѕвезди
и ги раствораш во истата шолја
со твојата кесичка чај од небо.
Голтка по голтка
го пиеме вртлогот од разум и богови,
и љубиме до неразбирање,
и разбираме до заборавање.

Напишете коментар