Раѓање

Ми го откина немирот од градиве, но со плач

Првиот плач кој го освои светот

Ме освои со длабоки очи на костен

Ме однесе во светот на милосниците

Ме стутука во рацете, како черешово дрво

Ги завитка моите корени

Длабоко во земјата,

Ги однесе во сончевината

Со тебе

И избегав на Месечината.

Ми го раскина срцево, не но на парчиња

Раскинот ми го собра

И денес го слушам твојот глас како го пробива воздухот

За да допре до моето тело искршено на илјадници парчиња

Натопени со крв

Толку силен се чини се отвора небесата,

Навистина Сонце ме огреа со твојот плач

Ме освои со гласот на самовилите

Ме ослободи од грозно зборливите.

Никој веќе не може да каже дека

Сум поплавена во мрак

Никој веќе не изустува ни збор

Кога ќе ја види мојата среќа

Твоето раѓање беше

Спас за мојата несреќа.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!