Skip to content

Легенди за потеклото на чајот

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или протеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус. Сѐ уште е спорно дали чајот потекнал од Кина или Индија. Тоа што е сигурно е дека употребата на чајот во Кина најпрвин била медицинска, а потоа напитокот станал популарен пијалак.

Тој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај.

Во продолжение прочитајте ги митовите за неговото потекло кои се навистина интересни.

Прва легенда

Според една позната кинеска легенда, Шенунг – легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското двро паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот владетел пробал од новонастанатиот пијалак и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства.

Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле островски и увидел дека чајот делува како противотров.

Втора легенда

Според друга легенда од времето на династијата Танг која се раширила заедно со будизмот, Бодидарма, основачот на школата на зен-будизам која се заснова на медитација, позната како „Чан“ го открил чајот. По медитација пред еден ѕид девет години, тој случајно заспал. Потоа се разбудил со гадост кон својата слабост, па си ги исекол клепките, кои паднале на земја и пуштиле корен, а потоа прераснале во чајни грмушки.

Понекогаш втората приказна се прераскажува со Гаутама Буда наместо Бодидарма. Во друга варијанта на првоспоменатиот мит, Гаутама Буда го открил чајот кога некои листови паднале во вода која вриела.

Без разлика дали овие легенди имаат вистинска основа, чајот игра значајна улога во азиските култури со векови како главен пијалак, лек и статусен симбол. Не е изненадувачки што неговото откривање се препишува на лица од верско или кралско значење.

Можеби ќе ве интересира и кратката легенда за настанокот на сонцето.

Напишете коментар