Љубовта секогаш со себе носи и некаква магија, безразлика кога и каде се случува. Светот за нас се менува. Љубовта го прави поетски. Љубовта ги трансформира сите љубовници. Како да ви никнуваат крилја и одеднаш добивате моќ да се вивнете во небото.
Една од најинтересните љубовни приказни е токму љубовта меѓу Едвард VIII и Волис Симпсон. Нивната љубовна приказна е незаборавна. Стекнала светска слава. Едвард се одрекол од престолот за да се ожени со Волис.
Волис претставувала несоодветен избор за кралот. Иако ѝ била позната на јавноста, поради своето бурно минато и двата пропаднати бракови, таа никако не се сметала достојна за кралот. Поради тоа, Едвард бил под силен притисок од семејството и политичкиот естаблишмент да не ги оствари своите намери со Волис. Иако не постоела формална пречка за бракот меѓу нив да не се склучи.
Англичаните никогаш не му простиле за неговата одлука. Големите љубови некогаш се спротиставуваат на практичните нешта, како што е моќта. На 10 декември 1936 година Едвард се откажал од престолот. Наредниот ден ѝ се обратил на јавноста и кажал дека ќе се жени со таа што ја сака.
Вистина е дека Едвард бил безнадежно вљубен во Волис. Се одрекол од сè само за да биде со неа. На потегот на Едвард некои гледаат како на еден од најроматничните гестови на XX век. Други, тоа го доживуваат како катастрофа.
Она што се случувало натаму било скандалозно. Парот живеел потполно неозбилно. Оделе од забава на забава. Питачеле наоколу. Оставале неплатени сметки каде и да појдат. Едвард бил се позаљубен во Волис. Преминал преку многу нешта, па и преку нејзините очигледни неверства.
Прочитајте која била Беатриче, музата на Данте.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.