Среќа – Ангелина Василевска

Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш индивидуата не е свесна за нејзината вредност и значење. За секој човек среќата е нешто различно. Најчест познат факт е дека малите работи го прават човекот среќен, додека поголемите најчесто го растажуваат и му го одземаат мирот.

Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се реализирани. Но, некои луѓе за жал не се задоволни ни со овие работи. Сакаат повеќе па се чувствуваат несреќни.

Иако за среќа е потребно многу малку, треба да знаеме тоа да го согледаме. Додека се обидуваме да го зголемуваме секојдневно нашето материјално богатство, се насочуваме кон бесмислени желби и празни мисли, веруваме во стереотипи, никогаш не сме задоволни со тоа што го имаме. Па се чувствуваме несреќни. Не ја забележуваме среќата што ја поседуваме. Се лутиме, па дури и им завидуваме на другите. Ги критикуваме животите на другите, а забораваме на својот. На тој начин страдаме, и се чувствуваме неисполнето. Затоа што не знаеме да ја вреднуваме цената на едноставните работи.

За среќа е доволно тоа што се будиме секое утро здрави и живи, затоа уживајте во она што го имате. Бидејќи секогаш ќе има нешто кое што ќе прави вие да се чувствувате несреќни, секогаш ќе ви минува низ главата мислата дека можете да сте посреќни отколку што сте во моментот. Токму затоа сите ние да сфатиме дека среќата не е нешто што доаѓа со текот на годините, туку таа се крие во секој момент што го живееме.

Ангелина Василевска, психолог

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?