Марионетка во кутија – Емилија Боинска

Чуствуваш болка? Не грижи се па тоа е само болка ќе помине, ти само продолжи да вежбаш. Ти навираат солзи во очите? Не грижи се тоа се само солзи, ти само продолжи да вежбаш. Која е цената на проклетството наречено успех? Гладот на чудовиштето кое има само една цел, да стигне таму највисоко. Глад кој дури крвта ја замрзнува, а мразот да ти почнувал од таа златната среднина, срцето. Но кој ли е виновен за тоа, кој е тој што разбудил толкку силна страст за престиж? Животот ли, луѓето ли или пак тагата, гневот, осаменоста која прераснала во неизлечлива зависнот.

Се движиш по сивилото на улиците, секој чекор креиран од уникатноста на дизајнерите во нашите глави. Светот веќе со години го губи сјајот. Хармонијата стана како топка вкусен сладолед во рацете на темнината.
Парализирани мозоци со подвижни тела го прекриваат сивилото на градските улици, секој со своја приказна. Многу малку од тие приказни се вистински, а пак од тие вистинските како ендемски вид се чуваат оние среќните приказни. Бори се или бегај ова се зборовите на стравот кои што одекнуваа во главите на секој човечки облик.

Се плашиш од иднината, се плашиш од сегашноста се плашиш дури и од тоа што поминало. Не затворија во мали кутии со смешни размери и ни наредија да не излегуваме. Ние се родивме, а други ни го напишаа идентитетот. И така цел живот си ја носиш етикетата на која што с убаво си пишува, кај си произведен од што си произведен која ти е намената. Дојде време во кое се зборува за човечност. Дури срам ми е да помислам на тоа, а зошто ми е срам? Затоа што човечноста е нешто што тежнеше кон тоа да се опише нашата раса, а сега зборуваме за тоа како историски настан од минатиот век.

Нема ни да се замислам ако за некоја година после предметот историја во школските дневници да стои предмет човечност. Еволуција процес на напредувње, мислам дека треба да се промени значењето на таа терминологија, ние не напреднавме ние станавме инвалиди. Жртви на таканаречена модерна лоботомија. За Судбината зборуват како на нешто што се восхитуваат, а внатре во себе се плашат како ѓавол од крст, а таа да ти била само една горка измама. Утеха за безнадежните да можат да се премират со тоа што ги снашло.

Многу интересно е тоа што кога ќе го разделиш зборот излегуваат два збора „суд и бина“. Ако не се лажам бина беше таму кај што се играт театарски претстави, а пак судот мислам дека беше дом на правдата. Така да дефиниција за судбината е драма за правдината. А судбината нели беше нашата животна приказна автетнтична и различна од сите останати но сепак една е темата борба за правдината.

Старите мудреци велат моментот кога се раѓаш некој со тенко пенкалце на пожолтен лист хартија нежно ти го чкртка патот. Епа јас јавно го предизвикувам тој ненормален чкртач да се појави пред мене за да го прашам дали си ја зема терапијата редовно. И да му кажам дека ако не друго кога ги прави тие криволинести патеки, може да стави барем по некоја улична колку толку да ја разбие темнината.

Емилија Боинска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?