Skip to content

Алузија на љубовта – Јелена Ѓиноска

Моите ѕверови полека се губат во емоциите

кои твоето постоење ги сервира пред мене.

Нежно молејќи за уште.

Прашувам  за дозвола, а притоа  итро влегувам  во секоја твоја пора.

Со секој спектар на емоција бојам слика само за нас.

Која ќе нé оживее и ќе го круниса нашиот дом.

Таа ја сочинува срцевина на нашето постоење како едно,

А јас  само барам секое празно задоволство од минатото

да го дополнам со некоја воздишка и љубов.

Исто како што цртам со златно додека ги пополнувам

сите грешки и дуплки од платното на кое цртам  љубов, нашата љубов.

Мислев дека замина и твоето присуство остави писма недопишани

и зборови недокажани, но се врати како бура од емоции директно во моите гради.

Се приближи толку блиску што секоја твоја воздишка

танцуваше врз мојата кожа како никогаш порано.

Како целата болка и недостиг наеднаш да отстапија место за други емоции.

Ја држев секоја моја воздишка, тивко голтајќи ја секоја капка од отровот кој ми го сипаше,

молејќи ги Боговите за вечност.

Ќе смекнам  и ќе се слеам во твојата топлина соединувајќи ги минатото и иднината,

Северниот пол и Јужниот пол.

Ќе ја пронајдам лагата во вистината и ќе испишам безброј песни.

Додека меур по меур во чашата пред мене удира директно во сите пукнатини од моето срце,

Дополнувајќи ги и создавајќи од мене некоја поопуштена верзија

во која зборовите излегуваат како пушка а насмевката е заразна.

Како привидение доцна во ноќта ќе ти танцувам на дождот во бела свила,

вдахнувајќи живот и копнеж.

Магнетски ќе те повикам во мојот свет

Цело срце оаза само за тебе.

Мирно катче во кое ќе бидеш засекогаш.

На секој мој прашалник ти одамна ги стави сите точки.

За друг да не ги одговори.

Напишете коментар