Додека ме гледаш ти

Додека ме гледаш ти
сакам да сум разголена и безобразна.
Сакам да сум дива и нескротлива.
Сакам да сум луда и да се кикотам.
Таа моја страна светот не ја знае.
Го лишам светот од моето лудоло.
Го лишам светот од мојата голотија.

Додека ме гледаш ти
сакам в очи да ми потoнеш.
Сакам под кожава да ми се нурнеш.
Сакам да оглувиш од моите воздишки.
Сакам да занемеш од моите допири.
Таквите движења на моето тело никој не ги знае.
Го лишам светот од нив.
Ги лишам мажите од моето лудило.

Додека ме гледаш ти
сакам да ти читам стихови.
Сакам на гради да ти се потпрам и да молчам.
Сакам душава да ти ја покажам тебе.
Сакам пред тебе да ја соголам ко пред никој друг.
Тие мои желби никој не ги знае.
Го лишам светот од моето лудило.
Го лишам светот од душава моја.
Ако ги покажам на некој друг,
ќе мисли дека луда сум.
Ама ако ти покажам тебе, ќе разбереш.
Јас и ти сме еднакво луди.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?