Песочни зрнца во твојот поглед
Езерски мир да го прегрнеш
Спиеш во далгите на времето
А врбата жално виси над твоето срце.
Почива тука твојата сенка
Ја допираат рацете на исцелуваните
Песни пеат на јазикот кој го описмени
Пауни пеат да те разбудат.
Сонуваш, сонуваш, тивко
И се влеваш во езерото
Ја допираш како светлосен бран
Македонската земја
За да ја разбудиш од темнината.
Се крева прашината од псалтирите
Заклучени во времето
Должни сме да донесеме нов препород
На буквите скриени под мајското сонце.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.