„Кули во песокот“ е кратка приказна која содржи важна поука во нејзините редови. Што е најважно за луѓето? Некогаш и во детските игри и однесувањето на децата ние возрасните можеме да научиме многу значајни “лекции“ кои се применливи во животот. Прочитајте ја во продолжение.
Рабин Харолд Кушнер гледал деца кои на едно крајбрежје ѕидале кули од песок. Кога ја завршиле замислената кула за која потрошиле многу време и трпение, дошол бран и за миг ја срамнил со земјата. Рабин очекувал солзи и бес. Меѓутоа, децата седнале, се фатиле за раце и почнале да се смеат. Набрзо почнале да градат нова кула.
Рабин се насмевнал и рекол: „Спознав дека децава ме научија на многу важна лекција. Сите нешта во нашиот живот кои ги создаваме долго време и со многу енергија, создадени се во песокта. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран и ќе го однесе она што сме го создавале со толку труд. Кога тоа ќе се случи ќе можат да се смеат само оние кои ќе имаат со кого да се држат за рака.“
Она што не можеме да го промениме најверојатно треба да го прифатиме. Но тоа што може да се направи повторно, обидете се пак и направете го. Што друго сте научиле од самите деца кои безгрижно си играат? Споделете со нас во коментари!
Прочитајте ја и следнава приказна „Траги во песокот“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.