Музички настан во Кичево „Дуо Концерт-Пијано 4 раце“

Директорот на Центарот за култура во Кичево Мазлам Османи најави дека во следните три дена во Кичево ќе се случат два музички настани. Според него, ова е добра увертира дека во претстојниот период културното живеење во градот ќе се подигне на повисоко ниво.

Тој посочува дека, со оглед на тоа што пред една година Центарот за култура доби на подарок концертно пијано. Ова ги отвора вратите за да се организираат музички настани каде пијаното е водечки инструмент.

– Утревечер со почеток во 19 часот во големата сала од Центарот за култура ќе се одржи концерт за пијано „Дуо Концерт 4 раце“. На овој концерт ќе настапат гостите од Косово, искусниот пијанист Агрон Шујаку и младиот Ледијан Шала. Тие ќе се претстават со десет нумери и тоа: 1. Дождливо, 2. Ирис Илирика, 3.Нешто за вас. 4. Пролет во Приштина, 5. Револуција, 6. Сепак, 7. Контестус, 8. Ѓиро Кастра, 9. Равел-Болеро Кусума и 10. Фур елизе-џез верзија за пијано, рекол Османи.

Тој напоменал дека концертот ќе се одржи според сите протоколи на Министерството за култура издадени од комисијата за здравство за заштита од Ковид-19.Тоа подразбира носење на маска,физичко растојание меѓу присутните во салата и дезинфекција на рацете при влез во салата.

Агрон Шујаку своите први чекори на пијано ги имал на 10 години. Средното училиште го започнал во класата на професор Драгољуб Апостолов во 1990 г. Продолжил со студии за пијано во класата на професор Лејла Пула Хаџиу. Дипломирал во 1997 г., а од страна на универзитетот му била доделена специјална диплома „Истакнат студент“ за неговите достигнувања за време на студиите. Во 2011 година тој ги завршил магистерските студии на УКИМ Скопје и се здобил со титулата магистер по пијано.

Ледијан Шала е роден 2005 г. Покрај нижата музичка школа во Приштина каде по многу кратко успеал да ја совлада програмата за две години и трета и четврта година да ги заврши во една година. Учествувал на неколку меѓународни натпревари каде ги освојувал првите места и награди. Талентираниот Шала минатата година успешно извел Дуо концерт заедно со префесорот Агрон Шујаку за класични дела за четири раце.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?