Пушти ги – Марија Бакиевска

Можеби така болката си ја намалуваат

Од гневот се ослободуваат

Товарот го исфрлаат!

Не знаат, навистина не знаат

Дека со секоја лага, подлабоко потонуваат,

со секоја стрела кон тебе, сами се прободуваат,

со секоја лага пред тебе, во окови се облекуваат!

Пушти ги…

Не им се лути

Ниту гнев им бери

Ниту на ист начин не им враќај!

Зошто изгубени се

Од својата вредност, оддалечени се

Од својата промена, напуштени се

Од своето разбирање, отуѓени се

Туку гледај драга душо…

Насмевни им се

Со твоето присуството, замолчи ги

Со твојот допир, подигни ги

Со збор, два размисли ги

Фокусот промени им го!

И ако после сат време, можеби истото ќе биди,

и за месец, година, нема ништо да се смени!

И ти ќе сакаш да се откажеш

Од тој ветар кој некогаш во нивните денови го носеше,

од тој дожд со кој некогаш ги обновуваше!

Застани и одмори се…

Но не откажувај се

Од чувствата не води се

Со нивните коментари не облекувај се

На долните скали не спуштај се

Зашто срцето твое

Спремно и одлучно е

Со нежност да прегрни

Со љубезност да поздрави

Со простување да се обнови

Со љубовта да ПОБЕДИ!

Марија Бакиевска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!