Животот е кратко возење – Николина Ќорвезироска

Сѐ што сакам на овој свет,
да го пронајдам стариот велосипед,
тој што извози многу трки
и на сите им направи чудни збрки.

Тој ми беше како верно коњче
зуеше ко пчела со новото ѕвонче,
некогаш го шетав за едно раче,
а во другото носев, сладолед,
и парче облаче.

Ах колку си ја сакав велосипедската професија,
на сите им пазарев сокови на вересија,
среќа патеката си имаше убава става
секогаш беше ко шајка права,
никако да се изморам од тоа возење,
педалите ми ги чуваа патиките.

Вртам неуморно кон иднината
никој не ја означил таа патека
бегам од минатото,
никако да застанам во сегашноста.

Мојата послушност кон велосипедот напредува,
ми го враќа животот ме поседува.
Возам до планината,
бегам ја намалувам бучавата
и фосилните горива…
еднаш признаете …..нели нѐ изморија..
Помало (никакво) загадување
За сите ќе биде вистинско уживање.
И КОЛКУ ПАТИ СИ ВОЗЕЛ ВЕЛОСИПЕД?
И КОЛКУ ПАТИ СИ САКАЛ ДА ИЗБЕГАШ ОД ОВОЈ СВЕТ?
Во подрумот еден велосипед
престана да го вози чудниот свет…

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!