Како настанало знамето со виножитни бои на ЛЏБТ заедницата и што означуваат тие?

Дали знаете како знамето со бои од виножитото станало симбол на ЛЏБТ популацијата во целиот свет? И зошто баш на него се тие бои? Приказната е подолга и поширока од борбата за еднакви права.

Знамињата со бои од виножитото се користени како различни симбли долго пред подемот на ЛЏБТ движењето, пред сѐ како симбол на светското мировно движење.

Едни од првите знамиња, симболи на светскиот мир ги дизајнирал Џејм Вилијам ван Кирк во 1913 година, со различни бои. Тие симболизирале различност и заедништво меѓу луѓето ширум светот. Се користат и денес, но распоредот на боите е поразличен во однос на ЛЏБТ движењето.

Историјата на едно знаме

Знамето со бои од виножитото како симбол на ЛЏБТ заедницата почнува да се користи крајот на 70-тите години од 20-тиот век најпрво во Сан Франциско. Креирано било од уметникот Гилберт Бејкер, а оригиналното рачно исфарбано знаме првпат јавно било употребено на Парада на гордоста во Сан Франциско на 25 јуни 1978 г.

Истата година, 27 ноември, извршен бил атентат на првиот геј член во Сан Франциско, Харвеј Милк. Со желба да изрази сила и солидарност после овој напад, ЛЏБТ заедницата почнала да го користи знамето од Бејкер. Поради големата побарувачка, знамето почнало да се произведува фабрички. Меѓутоа се случил проблем бидејќи во тоа време не можела да се најде фабричка боја која би ја дала розевата боја. Проблемот бил решен така што знамето е произведено со седум, наместо со дотогашните осум бои.

Во 1979 година знамето е повторно променето. Организацискиот одбор на Геј парадата одлучил дека патот по кој треба да се движи парадата треба да се обележи со знаме со виножитни бои. Поради тоа било потребно знамето да има парен број ленти (три од една, а три од другата страна) и се одлучило да се изостави тиркизната боја.

Со ова знамето го добило денешниот изглед: црвена (на врвот), портокалова, жолта, зелена, плава и виолетова боја. Знамето почнало да се шири во ЛЏБТ заедницата во текот на 80-тите години, а во 1989 г. станало светски познато откако извесен Џон Стоут на суд ги победил станодавателите кои се обиделе да му забранат на тересата од својот стан во Западен Холивуд да го закачи знамето со виножитни бои.

Од тогаш па сѐ до денешен ден, овој симбол станал толку распространет што виножитните бои денеска се произведуваат во голем број, како симбол на ЛЏБТ заедницата, но и како поддршка на припадниците на ова сексуално малцинство.

Првобитното значење на боите

Првото ЛЏБТ знаме имало 8 бои, а Бејкер на секоја боја ѝ припишал одредено значење:

Интензивна розе – сексуалност

Црвена – живот

Портокалова – здравје

Жолта – сончеви зраци

Зелена – природа

Тиркизна – магија или уметност

Сина – Хармонија

Виолетова – дух

Можеби ќе ве интересира и кратката историја за култните патики – старки.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!