Избор раскази: Два и пол сабајлечка сеќавалка – В. Лукаш

Месечината зуи како рој пчели скриени во окото на лутиот дедо, кој бегајќи од маглата, ја среќава својата младост облечена како уличен пес кој знае да чита и да пишува наопаку и никако поинаку.

Ти беше скриена зад дрвцето во дневната соба и ми праќаше димни сигнали преку индијанските плетенки кои ти извираа од ушите. Твоите раце беа гранки на кои растеа белите цреши од моето детство, а очите ти беа моите први сеќавања за играта. Беше прекрасна и неутешна како здив од пареа во првото зимско утро на нашата љубов, кога ми кажа дека ако не постоевме ние, немаше да постои ниту Ништото.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?