Едно дете мало
намуртено, диво,
сè сфаќало тажно,
сè примало криво.
Го мачела често
и мислата црна:
што секоја ружа
има остри трња.
Неговиот другар,
малечкиот Лесе,
не знаел за тага,
секогаш бил весел.
Зошто било така?
Ќе погодиш лесно-
сè за него било
веселба и песна.
Па еднаш му рекол:
„Се радувам, друже
дека и на трнот
ќе се најде ружа!“
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.