„Ленка“ е дел од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин издадена во 1939 година. Таа е лирска, елегиска песна и можеби е и најпознатата, антологиската песна на Рацин. Прочијтајте ја во продолжение.
„Билјана платно белеше…“
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол —
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.
Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни!
Тутуни — жолти отрови
за гради — китки розови.
Прва година помина
грутка в срцето ѝ легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
И ноќе кога месечко
гроб ѝ со свила виеше.
Ветерчок тихо над неа
жална ѝ тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.