Ако дојдеш во мојот свет – Васил Дрвошанов

Вечерва ќе седам
на прагот од моите желби
и ќе го чекам
доаѓањето на твојата нежност.

Ако дојдеш во мојот свет
ќе посакам да бидеш длабоко езеро
за да ја угасиш мојата жед
што извира под ридот на страстите.

Ако дојдеш во мојот свет
гневот и лагите ќе ги закопаме длабоко
да не ’ртат нивните семиња,
а вистината ќе ја посадиме на припек
да пушти длабок корен во ветувањата.

Ако дојдеш во мојот свет
ќе го исчистиме животот од омрази
и во него ќе посадиме љубов
за верноста и вечноста.

Ако дојдеш во мојот свет…

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!