Денеска нема ништо да напишам
само душава ќе си ја прегрнам и
на местата кај што е крвава ќе пробам да ја залечам.
Денеска нема ништо да напишам,
ниту за Сонцето што се крие зад облаците,
ниту за оџаците што во јуни сѐ уште чадат,
ниту за немите усни што пробуваат, а не можат збор да кажат.
Денеска нема ништо да напишам.
Не чекај зборови од мене, ни реченици,
ете ти стари стихови па со нив играј си.
Немам сила да објаснам,
колку животот ме изморува,
немам волја да ги појаснам клетвите
со кои мајка ти ме проколнува.
Немам инспирација,
ни тага, ни радост,
имам само во стихови хаос,
од почеток до крај – сама на себе: парадокс.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.