Крвоток – Николина Ќорвезироска

Со залезот на сонцето си оди и мојата сила,
Воздивнува по небесната прашина
во очите барам, немам ниту една искра..
како на кукла од стакло се, не трепнуваат,
устата нема-линија.
Телото обесено како кошула во студен ден,
Замрзната…кртосана

Тој што ми го прибира телото од жицата,
се плаши да не ме прекрши.

Ме носи на топло,
се суши кошулата
И си ја враќа бојата на крв..
срцето почнува да удира
пулсира…а околу него стои снежна пајажина.
Лесно е да си крвоток во таа мразалница.
Само треба да ги ставиш рацете на срцето.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!