Ника од Самотраки (Крилеста победа) е мермерна скулптура од елинистичкиот период. Скулптурата ја претставува божицата Ника (божица на победата). Направена е околу 2 век п.н.е. Од 1884 година се наоѓа во музејот Лувр во Франција како една од најпознатите скулптури во светот. Се смета за „најголемото ремек-дело на хеленизмот“ и тоа е еден од ретките примери на скулптури од хелинистичко време кои преживеале во оригиналот, а не како римска копија.
Не се знае за нејзиното потекло
Нејзиното потекло е контроверзно и се претпоставува дека е поврзано со настаните од битката кај Саламис (306 п.н.е.) или битката кај Акциум (31 п.н.е.).
Во поголемиот дел од 20 век, преовладувала теоријата, заснована врз делото на Херман Тирш и Карл Леман, според која се верувало дека ја извајал скулптор од Родос. Во последните неколку години, со реконструкцијата на скулптурата, претпоставките на Леман се покажаа како неточни (остатоците од околината каде што беше поставена скулптурата припаѓаат на римскиот период), па се поставува прашањето зошто статуата била посветена на Самотраки, што во тоа време бил дел од кралството Македонија, останува нерешено.
Се мисли дека бил дел од бродски споменик
Современите ископувања сугерираат дека таа била поставена над театарот и исто така сугерира дека таа била дел од алтарот што се наоѓал во бродскиот споменик на Деметриј I Опсадникот (337-283 п.н.е.) Изработена во сив и бел мермер од Тасос и Парос, фигурата првично формирала дел од големиот комплекс со храмови Самотраки посветен на големите богови, Megaloi Theoi.
Стоела на пиедестал од сив мермер од Лартос, претставувајќи го вдлабнатината на бродот (најверојатно трихемолија) ја претставува божицата Ника (божица на победата) додека се спушта од небото кон триумфалната флота. Се верува дека имала раце, десната рака била подигната, за да го изнесе извикот на Победата.
Статуата е висока 244 см. Создадена е не само во чест на божицата Ника, туку и во чест на морските битки. Склуптурата е позната по својата убедлива поза, во која се среќаваат насилното движење и тишината. Импресионира и за нејзиното добро држење и фустанот што го допираат брановите за време на големото невреме. Ника од Самотраки се смета како икона во смисла на победнички дух.
Скулпторот е непознат.
Кога за првпат беше откриена на островот Самотраки (тогаш дел од Отоманската империја и наречен Семадирек) и претставена во 1863 година, се сметало дека скулптурата ја подигнал македонскиот генерал Деметриј I Опсадникот, по неговата поморска победа со која го добил Кипар, меѓу 295 и 289 п.н.е..
Доказите дека статуата доаѓа од Родос се доведени во прашање, но и најблиската уметничка паралела со Ника од Самотраки се фигури прикажани на македонски монети.
Самотраки било важно светилиште за античките македонски кралеви
Самотраки било важно светилиште за античките македонски кралеви. Најверојатната битка запаметена од овој споменик е, можеби, битката во Кос во 255 година п.н.е., во која Антигон II Гонатас од Македонија ја освои флотата на Птолемеј Втори Египетски.
Откриена од аматерскиот археолог Шарл Шампоазо
Оваа склуптура е откриена во април 1863 година од страна на аматерскиот археолог, а потоа и француски вице-конзул во Адријанополис Шарл Шампоазо (1830–1909), и тој истата година ја испратил во Париз.
Комплекс на храмови Самотраки, познат како Светилиште на големите боговие едно од главните пан-хеленски религиозни светилишта, сместено на островот Самотраки во рамките на поголема Тракија. Повеќе за овој комплекс и за религијата на античките македонски кралеви, наскоро.
Прочитајте го и Митот за Тереј и казната на Зевс.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.