Цитати од Блез Паскал кои ќе ве воодушеват

Блез Паскал бил француски математичар, физичар, пронаоѓач, филозоф, писател и теолог. Тој бил генијално дете, чудо од дете кое знаело да чита и да пишува на четиригодишна возраст. На следниов линк дознајте зошто Блез Паскал се спротивставувал на езуитите? Во продолжение прочитајте ги неговите цитати.

1. „Човекот е голем бидејќи знае дека е беден.“

2. „Не можејќи да ја засилиме правдата, ја оправдуваме силата.“

3. „Не можам да ја разберам целината ако не ги знам деловите, а не можам да ги спознаам деловите ако не ја знам целината.“

4. „Вечниот молк на тие бескрајни простори ме плаши.“

5. „Срцето има свој разун што логиката воопшто не го познава.“

6. „Состојбата на човекот. Непостојаност, досада, вознемиреност.“

7. „Кралот без разонода е човекот полн со беда.“

8. „Две претераности: да се исклучи разумот, да се прифати само разумот.“

9. „Срцето има свои причини кои разумот не ги познава.“

10. „Да знаете не значи и да бидете. Мора да се обидете наученото да го пренесете во секојдневниот живот.“

11. „Вистината не ја познаваме само со умот туку и со срцето.“

12. „Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа.“

13. „Кога сите луѓе би знаеле што зборуваат едни за други, на светот не би имало ни четворица пријатели.“

14. „Во верата има доволно светло за оние кои сакаат да веруваат и доволно сенка за оние кои не сакаат да веруваат.“

15. „Паметниот човек никогаш нема да каже дека сѐ знае.“

16. „Малите умови се грижат за необични нешта додека големите умови се грижат околу обични нешта.“

17. „Постојат само два вида луѓе: од една страна праведници кои се сметаат за грешници, а од друга страна грешници кои се сметаат за праведници.“

18. „Ако сакате за вас да се мисли добро тогаш за себе не говорете ништо добро.“

19. „Човекот кој се сака само самиот ништо толку не мрази колку да биде сам.“

20. „Човекот е само трска, најслабата во природата, но таа е трска која мисли.“

21. „Постојат луѓе кои лажат само за да лажат.“

22. „Кога ќе се заљубиме во самите себе многу сме поинакви од пред таа љубов.“

23. „Само борбата ни прави задоволство – не победата.“

Прочитајте ги и следниве цитати од Максим Горки.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!