Во една прилика еден белец го поканил својот пријател, индиец на гости во големиот град. Белецот го изнесол индиецот во разгледување на градот и додека пешачеле, индиецот оденаш рекол: „Слушам штурец!“
– Невозможно е од толкава бука, брмчење на автомобилите и галама, ти да го слушнеш штурецот – рекол белецот.
Индиецот после овој одговор, се наведнал, ја разлистал грмушката и го покажал малиот штурец.
– Како? – прашал белецот.
Тогаш индиецот побарал една паричка и ја спуштил на тротоарот. Паричката заѕвечила. Минувачите запреле и се свртеле кон местото од каде што доаѓал звукот на паднатата паричка.
– Она што си научил да го слушаш, ќе го слушнеш без оглед колкава е буката и на кое место е – одговорил индиецот – гледаш овие луѓе во буката ја слушнаа паричката, но штурчето не.
Прочитајте ја и приказната за ракоплескање во знак на благодарност.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.