Skip to content

Вечер, разбушавена од ветрот – Гане Тодоровски

Попладнето е сиромашно со бои!
Сивотија –
тој грд, тој толку скучен декор.
Замотана во глупава едноличност
се тегави таголико улицата
и речиси ја сеќаваш
онаа знајна,
онаа морничава празнотија,
толкупати што сетжнува над градот.
И фино богами што дојде вечерва
овој спопалавен,
овој разулавен,
овој за пакости роден ветер –
Рацете, што ги нема, да му процутат,
да би се нашол мир и спокој
овој невртикуќа, што умее
да ни го разведри челото,
да ни ги истрие очите,
да нѐ пропурјачи,
та да копнееме и да се нуркаме
подетинети,
во сите разбушавености на светов –
Зашто, права е милина, навистина,
нечии кадрици да мрсиш,
ко што е права милина во штуро попадлне
да завлезеш во вечер од ветрот разбушавена.

Напишете коментар