На земјата на изгрејсонцето

Земјотрес во оган.

Честа и праведноста се благослов за татковината.

Лојалност во четири очи.

Битка без крв,

Само со црвена рана на абдомен!

Острови во спокој

Кабукито ја пее твојата одмазда

Која завршува со спокој.

Комплетен зен

Се наѕира на Фуџи

Кој наеднаш може да избувне

Како вулкански сумо,

Но ти се притајуваш

Под изгревот на Сонцето

Никој не ги знае твоите тајни

Но може да те спознае

Мирисајќи лотус

Опколен со црешови дрвја

И зелен прашок кој како калиграм

Го печати името

На земјата на Изгрејсонцето.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!