Прегрни ме,
макар и в прегратки да ти умрам,
барем еднаш прегрни ме.
Во прегратките твои нека запре времето.
Во прегратките твои да се изгубам,
на сè што постои да заборавам,
да заборавам и за мене и за тебе,
да заборавам на просторот и времето,
да постои само мирисот твој.
Макар и в прегратки да ти умрам,
барем еднаш прегрни ме.
Погледни ме,
макар и очите твои да се последното нешто што ќе го видам,
барем еднаш погледите нека ни се судрат.
Токму тогаш нека запре времето.
Околу сè нека исчезне.
Светот нека престане да постои.
Јас дури и слепа после тоа да останам,
дури и очите твои да се последното нешто што ќе го видам,
барем еднаш погледни ме.
Барем еднаш погледите нека ни се судрат.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.