Светлана Христова – Јоциќ (Ресен, 27 февруари 1941 – Скопје, 27 април 2012) е македонска поетеса, есеист и писател за деца. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член била на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.
Споделуваме нејзини стихови. Уживајте!
Џамче
Просторот џамче.
Џамче до џамче.
Просторот е распарчен.
Просторот сиот е џамче.
Џанам
Низ едно џамче
влегувам.
Низ едно џамче
излегувам.
Џанам.
Во џамчиња
опулена.
Во секое џамче
предел на смртта –
Аман.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.