Skip to content

Нема да те издадам како тајна

Нема да те издадам како тајна,
иако знам дека единствено тоа си.
Нема ниту да помислам да те проколнам,
ниту да кажам лош збор за тебе,
оти ти можеби секогаш ќе ми бидеш мил и драг.
Ќе останеш странец за кој имам чувство
дека го познавам цел живот
и пред кого никогаш нема да ми биде непријатно
да си ја соблечам душата.

Нема да кажам никому дека те знам
и дека си ме видел онаква каква што никој не ме знае,
ниту ќе кажам дека сум ја гледала месечината
и силно осветлениот град со тебе.
Ќе останам нема штом некој ти го спомне името.
Ќе си ги затнам ушите за да не слушам.
Кнедла в грло ќе си проголтам
оти посакував сè да испадне поинаку.
Но можеби вака е подобро
оти ниту јас, ниту ти не сме попаметни од судбината.

Нема да кажам никому дека сон си ми недосонуван
и дека дури и ништо да не биде
засекогаш ќе имаш посебно место кај мене,
место што ќе го знаеш само ти и само јас.
Нема да кажам ниту дека сум те помирисала,
дека мирисот уште под носов ти го чувстувам,
ниту ќе кажам дека си ми заспал на раце,
а јас едвај сум успеал да те разбудам
за дома да ме однесеш.
Никој нека не дознае.
Така можеби ќе е најубаво.

Напишете коментар