Таму горе в небеса ширни,
кај што ѕвезди горат и мракот црни,
таму живот не прашува
што ли сакаат мравките на Земјата.
Таму горе низ планети – Богови и Божици,
нема место за конзервативни смртници.
Таму закон царува,
еден закон – тој на љубовта.
И сѐ што возвишува е присутно,
и сѐ што гради притиска е непостоечко,
и чувство на омраза е отсутно,
и нема ништо проклето – човечко.
Таму горе е енергија,
атомите наши – на душата
чиј корен е само љубовта
и тоа е единствена – исконска вистина.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.