Донеси ми диви мириси летни,
обвиени во кошулите цветни што
секогаш ти ги крадев по навика,
додека во позадина свиреше Екс – Ју музика.
Донеси ми темјанушки виолетови
и бакнежи во образи
и спомени од минати животи.
Донеси ми мирот што не можев да го најдам во себе
ама секогаш го пронаоѓав во тебе.
Донеси живот и инспирација,
кулминација на целава наша приказна,
донеси ми мастило од небесата и зборови подарени од музата десетта.
Донеси ми сѐ што те прави тебе,
остави финти и фори излитени,
донеси се само себе.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.