Паскал Гилевски, еден од најголемите современи македонски писатели и препејувачи

Паскал Гилевски (1 јули 1939, Сетома, Костурско) — македонски поет, раскажувач, романисер, есеист, критичар и преведувач.

Биографија

Паскал Гилевски е роден во с. Сетома, Костурско, Егејска Македонија на 1 јули 1939 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. По Граѓанската војна во Грција, од 1948 до 1956 година живеел во Унгарија, а потоа се преселил во Скопје. Завршил прв степен на Академијата за ликовни уметности во Белград, како и Филозофски факултет во Скопје.

Работел како ликовен рецензент во весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“. Од 1999 до 2002 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а бил и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Некое време живеел во Париз, а престојувал и во Италија, Англија, Холандија, СССР, Чехословачка, Египет, Сирија, Јордан итн.

Гилевски е член на Унгарската академија на науките и уметностите, Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1970 година).

Творештво

Гилевски активно се занимава со книжевно-преведувачка дејност. Притоа, тој има преведено шеесетина книги од унгарската, грчката и француската литература. Така, Гилевски има направено препев на поезијата на Шандор Петефи, Ендре Ади, Атила Јожеф, Ѓула Илјеш, Ласло Наѓ, Шандор Вереш, Ференц Фехер, Золтан Чука, Јожеф Пап, Карој Ач, Јоргос Сеферис, Одисеас Елитис, Јанис Рицос, Јанис Гуделис, Рита Буми Папа, Викторија Теодору, Виктор Иго, Пол Верлен, Жан де Лафонтен, Морис Карем, Вилем Рогеман, Мирко Андриќ-Гуџулиќ, Љубиша Ѓидиќ, Антон Густав Матош, Владимир Назор, Тин Уевиќ, Мирослав Крлежа итн. Освен тоа, Гилевски има преведено повеќе прозни дела, како:

Никос Казанѕакис, „Алексис Зорбас“ (1966)

Виктор Иго, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“

Јожеф Дарваш, „Пијан дожд“

Платон, „Гозба“ и „Федар“ итн.

Заедно со Ташко Ширилов, во текот на 1971/1972 година, Гилевски бил основач и уредник на весникот „За македонцките работи“, а потоа и на ревијата „Огледало“. Според неговиот расказ „Глава“, снимен е краткометражен филм, во продукција на „Вардар Филм“.

Неговите песни и раскази се преведени на повеќе јазици, и тоа: српскохрватски, унгарски, грчки, италијански, француски, турски, словенечки, полски, англиски, украински итн.

Гилевски учествувал во подготовката на повеќе книги со македонска книжевност, објавени во Унгарија, Грција и Франција, а бил уредник на повеќе антологии и збирки, како: На минатото време гранката златна, (Антологија на современата унгарска поезија, „Факел“, ДПМ, 1972) Антологија на новогрчката поезија („Македонска книга“, 1977) Богови и херои (старогрчки митови и легенди, „Детска радост“, 1978)

Автор на книгите:

Брегум – брегум (поезија, „Современост“, 1972)

Толкување на уметноста (есеи, „Македонска книга“, 1977)

Бегство (поезија, „Култура“, 1983)

Глава (раскази, „Македонска книга“, 1984)

Знаме во пазувите (поезија, „Наша книга“, 1985)

Животот на песната (поезија во препев на унгарски јазик, „Форум„“, Нови Сад, 1985)

Зоја (роман, „Македонска книга“, 1986 и 1988)

Стража (раскази, превод на српскохрватски јазик, „Багдала“, Крушевац, 1987)

Небесна и земна љубов (роман, „Мисла“, 1988)

Бездомници (раскази, 1989)

Награди

За своето творештво, Гилевски е добитник на повеќе награди, како што се:

1978 – Награда „Григор Прличев“

1987 – Награда „11 Октомври“

1987 – Награда „Стале Попов“,

2014 – Награда „Рациново признание“ за „Посмртна венчавка“[3]

Награда „Кирил Пејчиновиќ“

1979 – Наградата на војводинските писатели „Корнел Сентелеки“

1984 – Одликување на Унгарската влада – „За социјалистичката култура“,

Одликување на Француската влада, „Витез на уметноста и литературата“

1975 – „Златно перо“.

Kако и на повеќе награди за расказ на конкурсите на весниците „Нова Македонија“ и „Трудбеник“. Исто така, тој е добитиник на наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ (1985)

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?