Хартијата е празна, како душата на расипниците,
Бесполезна е без мастило црно, како немоќта на неверниците
Папирус мазен,но празен нем e сведок на безимени династии
Пергамент жолт како солза чист соголен од природни човечки фантазии
Навитоци трајни кои ги кријат тајните на достојниците
Се кријат во земјените пештерски одаи на скривниците
Далеку од очите на вистината се крие еден лист на ветрот кој нечујно трепери
Во жегава летна некаде потокот над морево жубори
Никој не знае каде ќе заплови оваа празна хартија која срцево ми го плиска
Дали морето ќе ја однесе во стаклено шише на една љубов моја блиска?
Но празен е листов, останува тајна да биде мојов жар
Никогаш нема да дознае дека го љубам, хартијава не трпи крвав срцев распар.
Моево перо пишува само за приказани со среќен крај
Дали сум вистински поет, не, тоа никој не може да знај.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.