Меден Месец – Т. С. Елиот

Ги видоа низините на Холандија, се искачуваат на повисоко;

Но една ноќ ете ги во Равена,

Удобно сместени под чаршафите, среде двесте дрвеници;

Летна пот и силна кучешка реа.

Лежат на грб ширејќи ги колената

Од четири млитави нозе подуени од каснувања.

Го креваат чаршафот за подобро да се чешаат.

Помалку од една милја оттука е Свети Аполинириј

Од Класа, базилика позната на љубителите

По акантусите извиткани од ветрот извајани од капителите.

 

Ќе го фатат возот во осум часот наутро

За да ги продолжат страдањата од Падова до Милано

Каде што се наоѓа Тајната вечера и еден евтин ресторан.

Тој мисли на бакшишите и ги преместува трошоците.

Ќе ја видат потоа Швајцарија и ќе минат низ Франција.

А Свети Аполинариј, испоснички вкочанет и свечен,

Стара напушетена фабрика на Бога, има трошни камења

Низ кои се уште прецизната форма на Византија тече.

Препев: Влада Урошевиќ

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?