Која е тајната за среќа? (Приказна за момчето и мудрецот)

Некој трговец го испратил својот син да ја научи тајната за среќа кај најмудриот човек од сите. Момчето четириесет дена одело во пустината додека не стигнал до прекрасен дворец, на врв од планината во која живеел мудрецот.

Наместо да се сретне со тој свет човек, овој јунак влегол во двораната во која сите поминувале. Трговците влегувале и излегувале. Се разговарало во сите катчиња, мал оркестар свирел нежна мелодија, а на богата маса имало вкусни јадења. Мудрецот разговарал со сите, па момчето морало да чека два часа за да биде примен.

Откако мудрецот внимателно ги ислушал причините за неговата посета му рекол на момчето дека нема време да му ја објаснува тајната за среќата. Го посоветувал да прошета по палатата и да се врати за два часа. Му дал чајна лажичка и во неа капнал две капки масло, со зборовите: „Додека одиш, држи ја оваа лажичка и внимавај маслото да не се истури.“

Момчето тргнало по палатата нетргнувајќи го погледот од лажичката. После два часа се вратило кај мудрецот. „Тогаш“ – прашал мудрецот – „дали ги виде персиските садови во мојата трпезарија? Дали ја виде градината за кој еден градинар потроши десет години за да ја негува? Дали ги забележа убавите пергамнети во мојата библиотека?“

Момчето засрамено признало дека ништо од тоа не успеало да погледне. Единствено се грижел да не ги пролее капките со масл што му ги доверил мудрецот. „Тогаш врати се и запознај ги чудата од мојот свет“ – рекол мудрецот. „Не можеш да му веруваш некому чијашто куќа не ја познаваш.“ Момчето ја зел лажичката и повторно тргнал во прошетка по палатата, овојпат обрнувајќи внимание на сите уметностни кои виселе на таванот и биле на ѕидовите.

Видел градини, околни планини, нежно цвеќе, воочил како на сѐ му е избрано одредено место. Кога повторно се нашол пред мудрецот, се исповедало за сѐ што успеало да погледне. „А каде се тие две капки што ти ги доверив?“, прашал мудрецот. Гледајќи ја лажичката, момчето сфатило дека ги пролеало.

„Значи, тоа е единствениот совет кој го имам за тебе“, рекол најголемиот мудрец помеѓу мудреците. „Тајната за среќата се состои во тоа да ги гледаш сите чуда на светот, а притоа да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“

Прочитајте ја и следнава поучна приказна „Земјоделецот“.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?