Биографија – Гане Тодоровски

Се родив
Тоа е совршен факт.
Живеам доста
Тоа е веќе непорекливо.

Кому му требам
Секој е должен сам да знае.

Пречам ли некому
Нека ме одмине.
Премногу е непожелно
Да бидам одбран за враг.

Вражја е живеачката,
А јас сум рековме нејзин факт.

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?