Видое Подгорец – Кос

Познавам еден обичен кос –
има клун, а нема нос.

Не е ни мечка, ни елен рогат –
малку е умен, многу е богат.

Тој си нема ни куќа, ни кревет,
но затоа има земји девет.
Прва земја – Брезова,
а втората – Слезова,
трета земја – Борова,
четврта – Јаворова,
петта земја – Липова,
шетстата – Јасикова,
седма земја – Врбова,
осмата  – Тополова,
деветтата земја црна
носи име Три Гроздови Зрна.

Па сепак, нашиот пребогат кос
краде туѓо грозје,
лета гол и бос.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?