Писмо на Наполеон до Жозефина

Наполеон Бонапарта бил француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век. Ја освоил цела Западна Европа и Египет. Писмото кое Наполеон го испратил до Жозефина прочитајте го во продолжение.

Не поминал ниту еден ден без да те љубам,  не поминала ниту една ноќ без да те гушнам. Не сум испил ниту една  шолја чај без да ја проколнам славата и амбицијата  кои  ме оддалечуваат од душата на мојот живот. Додека сум зафатен, на чело на трупите, шетам  низ логорите, само мојата преслатка Жозефина е во моето срце, го окупира мојот ум, ги апсорбира моите мисли.

Ако се оддалечам од тебе со брзината на брзаците на Рона, ќе го направам тоа за да се видиме што побрзо. Ако, среде ноќ, станам да работам, тоа е затоа што може да го забрза доаѓањето на мојата љубов  за неколку дена, а сепак, во твоите писма од 23 и 26 фебруари, ти ме персираш.

Вие, да тоа ти го напиша! Ах! Лошотијо, како можеше да ги напишеш тие писма! Колку се студени! И тогаш, од 23 до 26, поминаа скоро четири дена. Што правеше, зошто  не напиша ниту еден збор на твојот сопруг?… Ах! Сакана моја, токму ти  и тие четири дена ме натераа да зажалам за мојата стара рамнодушност.

Проклет да е оној кој го направи ова! Тој, заради болката и измачувањето, дај Боже да биде исто убеден со докази (оние кои нему му послужија) и да помине низ сето она низ што јас поминав! Пеколот не е измачување! Ниту Фуриите, змиите! Вие! Вие! Ах! што ќе биде за две недели?…

Мојата душа е тажна. Моето срце е роб, а мојава мечта ме плаши… Ме сакаш помалку, но  утешна си.  Еден ден повеќе нема да ме сакаш, кажи ми го тоа,  барем ќе знам дека заслужувам  да бидам несреќен… Збогум, жено, болко, среќа, надеж и душа на мојот живот, која ја сакам, од која се плашам, што ме инспирира со нежни чувства кои се блиски на  природата. И на овие нагли вулкански движења како грмотевици. Не барам од тебе вечна љубов или верност, туку само … вистина, иксреност без ограничување. Денот кога ќе ми кажеш „Те сакам помалку“ ќе биде последен во мојот живот. Ако моето срце не било доволно големо за да сакам безусловно, ќе го раздробам со забиве.

Жозефина, Жозефина! Запомни го она што ти го кажав порано: Природата ме направи силен и одлучен. Тeбе те направи од чипка и коприна. Дали престана да ме сакаш?  Извини, душо на мојот живот, мојата душа е растегната од многу пресметки. Моето срце, целосно освоено од тебе, има стравови што ме прават несреќен … Жалам што не те викам по име . Чекам да ми го напишеш. Збогум! Ах! ако ме сакаш помалку, никогаш нема да ме сакаш. Јас тогаш би бил навистина за жалање.

П.-С. – Војната оваа година веќе не е препознатлива. Ми дадоа месо, леб, сточна храна; мојата вооружена коњаница наскоро ќе маршира. Војниците  ми покажуваат толку голема доверба што не може да се  опише; само ти грижи ми создаваш; само ти, задоволството и маката на мојот живот. Бакнеж до децата за кои воопшто ништо не кажуваш! Се разбира! Така твоите писма би биле подолги. Посетителите во десет часот наутро не би го имале задоволството  да те видат. Женоо!!!“

Ница, 10 јули

Наполеон Бонапарта

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?