Во следнава кратка приказна се зборува за свештеникот со позитивен дух и благодарен на Бог дури и во “неволја“. Прочитајте што рекол кога му се случила несекојдневната случка. Немаме податок дали приказнава е измислена или е напишана според вистинит настан. Како и да е, таа носи своевидна порака за начинот на кој имаме опција да изреагираме на ретки случувања.
Среќа што кравите не летаат и хумориситчната реакција на свештеникот
Еднаш еден свешетник шетал во цветната градина пред манастирот. Се молел и медитирал, а во еден миг ги споил дланките како во нив да чува вода. Баш во тој миг над него прелетал гулаб, па испуштил измет токму во неговите дланки. Свештеникот на тоа смирено погледнал кон небото и низ насмевка рекол: „О Боже, ти благодарам што кравите не летаат!“
Прочитајте ја и приказната за војниците кои стравот ги однел директно во смрт.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.