Сонатина – Гане Тодоровски
Сега сме само спокој,
 сонуван сакан спокој
 самотија и свежина –
Празнично пркни пеперуго,
 пепелава пеперуго,
 по полскана полежина
Толку е тука тивко,
 таинствено и тивко,
 токму за троа тагување –
Маѓосно молкот мами,
 мрешкави минутки мами
 Мирување! Мирување!

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

