Живот од соништата

Дали е ова животот кој го посакуваш?“ – ме праша.  „Дали можеби знаеш дека животот е сон кој треба да се живее?“

„Дали знаеш дека никогаш не треба да се откажуваме од соништата?“

Не знаев што да одговорам. Не знаев дали сум ги оставарила соништата. Или можеби сум остварила само еден. Некогаш е доволно да оствариме само еден сон. Доволно е само да помислиме дека љубовта нѐ следела каде и да сме оделе и била дел од секој момент од нашиот живот, си помислив.  Сме биле допрени од нежноста во суровиот свет и од светлината во темнината. Не било сé темно, не било сé светло. Било измешано со љубов и омраза. Но, љубовта била секогаш победник. Ете тогаш сме биле среќни, кога победувала љубовта во нашите срца , тогаш се остварувале и нашите најголеми соништа.

Го знаев одговорот: “Да, реков, го живеам животот од соништата, љубовта секогаш победува во моето срце, секогаш наоѓам начин да ја победам темнината, тоа ми е доволно да бидам среќна, доволно да живеам живот кој го посакувам. “

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?