Следниве непријатни вистини колку порано ги прифатиме и ги усвоиме толку подобро за нас. Прочитајте ги и потврдете го она што веќе сте го искусиле во досегашното живеење. Непријатната вистина секогаш ќе биде многу подобра од секоја ласкава вистина!
1. Неуспесите се неизбежни
Неколкупати ќе доживеете неуспех, а неуспесите се оние кои ќе направат да посакате да се откажете. Но запомнете дека тие се патот до успехот и секогаш не станува збор само за резултатите. Важно е колкупати ќе станете после секое “паѓање“ и се обидете повторно.
2. Може да се разочарате од луѓето на кои им верувате
Никогаш не очекувајте премногу од другите, вклучувајќи ги и најблиските. Запомнете дека единствен клуч за долготрајни релации е компромисот и давање без очекување за возврат.
3. Вљубувањето секогаш е проследено со ранливост
Да се биде вљубен значи дека им верувате на луѓето и мислите дека срцето нема да ви биде скршено, но не постои гаранција за ова. Не чувствувајте страв бидејќи вашето срце ги залекува раните само, што и да се случи.
4. Ослободувањето е вештина која треба да ја усовршите
Имајте на ум дека не можете да направите луѓето да останат засекогаш и во вашиот животен пат ќе сретнете многу луѓе кои ќе бидат тука привремено. Запомнете дека луѓето кои припаѓаат во вашиот живот секогаш ќе се вратат и ќе одлучат да останат.
5. Не сте обврзани секогаш да се држите до конвенционалното
Не треба да се согласувате со она во кое луѓето веруваат и не мора да ги следите луѓето во она што прават. Потребна е смелост да се оди против она што е конвенционално и популарно, но ќе вреди за вашата лична среќа и добросостојба.
6. Животот речиси секогаш не тече според планот
Во ред е да се прават планови и да се има цели краткотрајни или долготрајни. Уште поубаво е кога истите ќе се исполнат. Подобро е да имате цели и да немате преголеми очекувања. Универзумот има најдобри планови за вашиот живот. Вие треба само да верувате и да дозволите да се случи она што треба да се случи.
7. Сѐ е привремено вклучувајќи ја и твојата состојба
Кога се чувствувате дека се наоѓате на “најдолното скалило“ во животот, нема причина за гржа бидејќи ситуацијата ќе се промени порано или подоцна. Истото се случува и кога сте на “врвот“ или во најдобро светло. Бидете приземјени бидејќи ниту најдобрите моменти нема да траат засекогаш.
8. Луѓето всушност се збунети исто колку и вие
Тие се збунети исто колку и вас, но само глумат дека знаат што прават. Нема поента во споредување на сопствениот живот бидејќи сите страдаат на некој начин и се борат во сопствените битки. Секогаш имајте на ум дека ничиј живот не е совршен како нивниот Инстгарам профил.
9. Да си простите на себеси можеби ќе биде најголемиот предизвик во вашиот живот
Прифатеет го фактот дека ќе правите грешки понекогаш. Сите ваши постапки имаат последици и потполно е во ред ако некогаш згрешите. Бидејќи всушност тоа е единствениот начин да научите и да се запознете себеси.
10. Никогаш нема да можете да направите сите да ве сакаат
Дури и ако се претворите во тегла со нутела. Секогаш ќе има такви кои ќе осудуваат, па затоа правете го она што ви е по волја сѐ додека не влијае врз добросостојбата на другите луѓе.
11. Криењето на чувствата само ги компликува нештата
Исто така може да биде извор на драма. Единствениот начин за решение е да научите како да прифатите, признаете и да го кажете ефикасно. Вашите емоции секогаш се валидни сѐ додека ги контролирате наместо да ги негирате.
12. Излегувањето од комфор зоната е единствен начин да пораснете
И тоа можеби ќе биде најлошото искуство кое некогаш сте го имале. Но, ќе научите безброј лекции за да ги поразите своите стравови и несигурности.
13. Секогаш ќе го привлечете она кое го заслужувате
Бидејќи не постојат случајности. Сѐ што се случува во вашиот живот е резултат на вашите постапки. Напорната работа секогаш би требало да се исплати со успех. Запомнете: сѐ се враќа.
14. Грижата и сомнежот во себе нема да ве одведе никаде
Грижите и сомнежите секогаш водат до бескраен циклус на претерано размислување. Опуштете се, луѓето се создадени да преживуваат, бидете без грижи. Сѐ ќе биде добро. Дури и кога е најлошо и во тоа постои нешто добро за кое вреди да се борите.
15. На никого не можете да се потпрете освен на себеси
Сите останати се зафаетни правејќи ги своите животи подобри, вие истото треба да го правите. Научете да бидете сопствен херој и да се спасите себеси најпрво, пред да им помогнете на другите. Прифатете го фактот дека на овој свет доаѓаме сами и така и ќе си заминеме. Но, да се биде сам е во ред, а универзумот никогаш не запира да ни дава благослови само ако ги забележиме и прегрнеме.
Погледнете го и видеото и слушнете ги петте животни “лекции“ кои подоцна ги учиме во животот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.