Skip to content

Луѓето се разболуваат од неостварени желби: Мудри мисли од Индијанците

Индијанците на грешка го добиле ова име. Имено, европските морепловци сметале дека новиот контитент кој го откриле е Индија. Но тоа бил народ што живеел во апсолутен склад со природата. Поради тоа ѝ изгледале назадно на европската цивилизација. Колку биле понапредни и подобри од остатокот од светот сведочат нивните мудрости преку кои се отсликува интеракцијата меѓу човекот и природата. Нивните мисли во исто време се и едноставни и длабоки:

1.  „Добрата личност ги гледа добрите знаци.“

2. „На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за да се слушне.“

3. „Оној кој молчи, знае два пати повеќе од соговорникот.“

4. „Неопходно е само да се умре.“

5. „Домот е таму каде што се чувствувате добро.“

6. „Во внатрешноста на секоја личност се борат добриот и лошиот волк.“

7. „Волкот кој храни, секогаш победува.“

8. „Сѐ на светот има своја песна.“

9. „Детето е гостин во вашата куќа: го храните, го учите и го пуштате надвор.“

10. „Знаењето е сокриено секаде наоколу. Некогаш целиот свет бил библиотека.“

11. „Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се отруе последната река, кога ќе се улови последната птица, дури тогаш ќе разберете дека не може да јадете пари.“

12. „Сакај ја својата земја. Ја наследуваш од своите родители, ја позајмуваш од своите деца.“

Прочитајте ја оваа поучна приказна за кулите во песокот.

Напишете коментар