Невреме – Анастасија Лефкоска

Секое невреме ме потсеќа на тебе.
Дојде без најава,
со грмотевици и секавици низ силна промаја,
Дојде ко поројни дождови во пустини
што идат еднаш на илјада години,
Донесе торнада вртлози,
Донесе насмевки и солзи,
Донесе кутии со цветови и писма полни.
Донесе и громови и молњи.
Секое невреме ме потсеќа на тебе
и секое грмење носи солзи на лице,
И секој сон исонуван носи спомени
ко да не поминале од тогаш векови,
Ко да не се рушиле и изградиле нашите сакани градови,
Ко да немало одтогаш илјада невремиња.
Секое невреме потсеќа на тебе.
На пат си назад чувстувам во коскиве,
гледам низ секавиците и не можам да заспијам,
Штом чукнеш на врата чекам по сто години – да ти отворам.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?